Tuesday, May 5, 2015

Четврта генерација на компјутери

Четврта генерација
на компјутери


Во седумдесетите години се јавува мал тенок слој силициум т.н. чип, на кој може да се “отпечати“ комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери, која започнува во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален компјутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални компјутери (од англ. Personal Computer - PC). Ова име го добиле бидејќи се наменети за работа на едно лице.Поради малите димензии, големите можности, масовното производство и ниските цени, употребата на персоналните компјутери доживува непредвидиво зголемување. Со нив може да се комуницира со кој било компјутер во светот, преку посебни компјутерски мрежи.

Трета генерација на компјутери

Трета генерација 
на компјутери




Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на Третата генерација компјутери, која траела од 1964 до 1969 година. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче материјал. Тоа придонело димензиите на овие компјутери многу да се намалат и затоа ги нарекле мини компјутери. Нивната брзина се зголемила, цената им опаднала и затоа нивната примена се проширила во многу области на човековата дејност. Со целокупната работа на компјутерите од оваа генерација управувала специјално напишана програма наречена оперативен систем.

Втора генерација на компјутери

ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА НА 
КОМПЈУТЕРИ


Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата работа како електронската ламба, само што е многу помал, троши малку енергија и не се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите од оваа генерација: имале мали димензии, брзината на пресметување изнесувала 100 000 операции во секунда, а за паметење на податоците се користела магнетна лента.

Првиот електронски компјутер ENIAC - Прва генерација на компјутери

ПРВ ЕЛЕКТРОНСКИ КОМПЈУТЕР 
(ENAIC)



Првиот електронски компјутер се викал ENIAC . Бил направен во 1946 година во Америка. Бил тежок 30 тона и бил голем колку едно фудбалско игралиште. Додека работел бил многу бучен. Глаен електронски дел при неговата конструкција биле електронските ламби. Тие биле доста големи, ги имало во огромен број имногу често прегорувале.

Првиот персонален компјутер (PC)

Првиот персонален компјутер (PC)


 За прв персонален компјутер се смета компјутерот 
на IBM произведен на 12 август 1981год. Тоа бил проект на 
инжињери и дизајнери под раководство на Don ESTRIDE.
Но сепак не е разјаснето прашањето ''КОЈ ГО НАПРАВИЛ ПРВИОТ ПЕРСОНАЛЕН 
КОМПЈУТЕР'' бидејќи APPLE велат дека тие го направиле  
првиот персонален компјутер